| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Во Скопје се одржа 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“
Работилницата, организирана во соработка меѓу Врховниот совет за радио и телевизија на Туркије (РТУК) и Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), се одржа во кампусот на ИБУ
Во Скопје се одржа 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“
Од 2009 година на работилницата учествувале 619 студенти од 28 земји

Во Скопје се одржа 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“, во соработка меѓу Врховниот совет за радио и телевизија на Туркије (РТУК) и Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ).

На отворањето на работилницата, кое се одржа во кампусот на ИБУ, присуствуваа амбасадорот на Туркије во Скопје, Алпер Акташ, претседателот на РТУК, Мехмет Даниш, ректорот на ИБУ, проф. д-р Мехмет Булут, претставници на турски и локални институции и организации во земјата, претставници на академската фела, студенти и гости.

Амбасадорот Акташ во своето обраќање се осврна на влијанието на вештачката интелигенција врз медиумите, посочувајќи дека на работилницата ќе се дискутира за медиумската етика.

Акташ истакна дека работилницата е исклучително важна и нагласи дека студентите треба да ѝ посветат големо внимание.

Претседателот на РТУК, Даниш, рече дека теми на работилницата, во рамките на најновите случувања, ќе бидат вештачката интелигенција, медиумската етика и дигиталната безбедност.

„Со овие работилници, кои станаа традиција, цел ни е да создадеме широка мрежа во нашето духовно поднебје во областа на медиумите, како во приватниот, така и во јавниот сектор, особено во светлината на дигиталните промени во последните години. Сметаме дека во голема мера успеавме во тоа“, рече тој.

Од 2009 година на работилницата учествувале 619 студенти од 28 земји

Булут изрази надеж дека работилницата ќе биде успешна, велејќи: „Се надеваме дека врз основа на заклучоците што ќе произлезат од оваа работилница ќе дојдеме до резултати што ќе отворат нови хоризонти и ќе дадат насоки за медиумскиот морал, комуникациската етика, вештачката интелигенција и периодот на брза комуникација.“

Членката на РТУК, Фатма Челикер, потсети дека на работилницата „Комуникација со иднината“, која Советот ја организира со голема доследност и визија од 2009 година, досега учествувале 619 студенти од 28 земји.

Поранешниот генерален секретар на Претседателството на Туркије и специјален гостин на работилницата, проф. д-р Мустафа Исен, ја истакна важноста на настанот на кој се дискутира за различните димензии на вештачката интелигенција, особено за етичката димензија и суверенитетот. Тој рече дека историјата на човештвото, на некој начин, е историја на напорите за зачувување на неговата меморија и пренесување на искуствата на идните генерации.

По воведните обраќања, работилницата продолжи со презентации на академски трудови.

Повеќе
Албанија и Израел потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ
Во скопската Општина Чаир турскиот јазик веќе 13 години се користи како службен јазик
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Виртуози на кавал, чувари на македонската фолклорна традиција
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
ЕУ повикува на брзо формирање на власта во БиХ по одржаните избори
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Туркије, Алпер Акташ
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово