| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а на функцијата доаѓа од местото Претседател на Апелациониот суд во Скопје
Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан (Фото: Апелационен суд Скопје)

Собранието денеска во рамки на 97. седница ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија. Дика Георгиевска беше избрана со 64 гласа „за“, ниту еден против и ниту еден воздржан.

По изборот, Мери Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците во Собранието, со што и официјално ја презеде функцијата судија на Уставниот суд.

Мери Дика Георгиевска е дипломиран правник на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирала во 1985 година, а магистерските студии по правни науки ги завршила на Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје во 2014 година. Правосудниот испит го положила во 1987 година.

Кариерата ја започнала како адвокатски приправник и стручен соработник, а потоа работела како адвокат во сопствена канцеларија. Од 1996 до 2005 година беше судија во Основниот суд Скопје II, а потоа продолжи како судија во Апелациониот суд Скопје. Од 2012 до 2018 година беше член на Судскиот совет, по што се врати во Апелациониот суд.

Во 2023 година беше избрана за претседател на Апелациониот суд Скопје.

Во својата кариера била претседател на стопанските оддели во Основниот и во Апелациониот суд, а говори и англиски јазик.

По именувањето на Дика Георгиевска Уставниот суд ќе брои осум судии од предвидените девет, откако пред две недели судијата Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата поради лични причини.

Повеќе
Дизелот од утре поскап за 4,5 денари, се зголемуваат цените и на бензините
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Бабиш: Западен Балкан припаѓа на Шенген, Европа треба да се одбрани од нелегална миграција
Мицкоски: Ако треба Владата повторно ќе го намали ДДВ за горивата
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
„Србијавоз“ ќе продава онлајн билети за меѓународните линии кон Црна Гора и Унгарија
Мицкоски: Штетите од невремето во Скопје ќе бидат надоместени
Петнаесет лица повредени во невремето во Скопје, оштетени 117 возила и 35 покриви
Комитетот за одбрана на бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во „Безмер"
Големо невреме во Скопје, паднати дрвја, откорнати кровови
Триесет дена притвор за тројцата осомничени за епидемијата во Гостивар