| Macedonian
Вселенски канибализам: Венера можеби ја проголтала сопствената месечина
Исклучително бавното ротирање на Венера околу својата оска би го осудила секој природен сателит што можеби некогаш се вртел околу неа постепено да се приближува спирално кон својата матична планета и на крајот да биде проголтан во катастрофа
Вселенски канибализам: Венера можеби ја проголтала сопствената месечина
Научниците претходно претпоставуваа дека Венера можеби имала имала месечина која била уништена во силен судир со друго небесно тело

Астрофизичарите од Калифорнија во понеделник презентираа нова теорија за да објаснат зошто Венера, планетата најслична на Земјата по големина, маса и структура, нема своја месечина, изнесувајќи теза дека станува збор за „вселенски канибализам“.

Исклучително бавната брзина со која Венера ротира околу својата оска би го осудила секој природен сателит што можеби некогаш се вртел околу неа постепено да се приближува спирално кон својата матична планета и на крајот да биде проголтан во катастрофален судир.

Тоа е теоријата на научниците од Универзитетот Риверсајд во Калифорнија, објавена во понеделник во Астрофизички журнал (The Astrophysical Journal), и претставува отстапување од претходните објаснувања за тоа зошто Венера, втората планета од Сонцето, нема лунарен придружник.

„Ако имала месечина, а веројатно имала во одреден момент, не можела да ја задржи. Таа месечина би паднала на планетата за релативно краток временски период“, изјави за Ројтерс астрофизичарот Стивен Крејн, водечки автор на студијата.

Крејн рече дека податоците од компјутерските модели, базирани на планетарна физика и симулации на гравитационата механика на хипотетичките месечини на Венера со различна големина, покажуваат дека сите тие би ја доживеале истата судбина - порано или подоцна би се судриле со својата матична планета.

„Таквиот хипотетички настан на „голтање на месечината“ веројатно се случил во првите милијарда години од историјата на Венера, која, како и остатокот од Сончевиот систем, датира од пред околу 4,5 милијарди години“, рече Крејн.

Научниците претходно претпоставуваа дека Венера, позната како „близначка“ на Земјата, или никогаш не стекнала своја месечина или можеби имала месечина која била уништена во силен судир со друго небесно тело.

Студија од Универзитетот во Риверсајд, фокусирана на динамиката на односот Земја-Месечина, откри дека брзината на ротацијата на планетата е клучен фактор. 

За разлика од Венера, на која ѝ се потребни 243 земјини денови за да заврши една ротација - малку подолго отколку што е потребно за да орбитира околу сонцето - Земјата ротира околу својата оска на секои 24 часа, повеќе од 200 пати побрзо од Венера, рече Крејн. 

Преносот на енергија од побрзата ротација на Земјата постепено ја турка нашата Месечина подалеку, предизвикувајќи таа да се оддалечува од Земјата со брзина од 4 сантиметри годишно - брзина прецизно измерена со огледала оставени на површината на Месечината од астронаутите на Аполо 11 во 1969 година.

Венера, третиот најсјаен објект на ноќното небо по Сонцето и Месечината, е важен предмет на проучување за научниците кои сакаат да дознаат повеќе за историјата и иднината на Земјата.

Слична по карпеста структура, но малку помала од Земјата, Венера е обвиткана во густа, токсична атмосфера која создала неконтролиран ефект на стаклена градина, загревајќи ја нејзината површина до температури високи до 471 степени Целзиусови, доволно жешко за да се стопи оловото.

Иако нема докази дека Венера некогаш имала месечина, Крејн вели дека е малку веројатно дека Венера некако избегнала судир со друга прото-планета во своите рани фази, видот за кој генерално се смета дека ја создал Месечината на Земјата. 

Зората на внатрешниот Сончев систем била исполнета со големи, карпести објекти кои се движеле низ вселената и се судирале едни со други, при што Венера веројатно примила повеќе небесни удари од Земјата бидејќи била поблиску до Сонцето.

Научниците се надеваат дека ќе откријат повеќе од тајните на Венера со две претстојни мисии на НАСА, закажани за лансирање кон крајот на 2020-тите или почетокот на 2030-тите, наречени ДАВИНЧИ+ и ВЕРИТАС, кои ќе ја проучуваат атмосферата и геолошките карактеристики на планетата.

Повеќе
Европската комисија го усвои Законот со кој се ограничува пристапот на децата до социјалните мрежи
ОпенАИ ќе биде проценета на над 1 билион долари по новата рунда на финансирање
ЕУ ќе ги ограничи социјалните мрежи за малолетниците и децата
Туркије ќе го тестира своето прво лунарно вселенско летало пред мисијата во 2027 година
Може ли вештачката интелигенција да го загрози човештвото? Еве што ја предизвика дебатата
„Рокетсан“ тестираше турска ракета за воздушна одбрана од мобилен систем
Пекинг ги отфрли обвинувњата од Антропик дека кинески лаборатории за ВИ вршат дестилација
Центрите за податоци „повеќе не се толку жедни“, велат технолошките гиганти
Аспартамот ризичен или не- контроверзна одлука на ЕФСА
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција
Извештај: ОпенАИ размислува за забавување на развојот на напредна вештачка интелигенција
Турската ХАВЕЛСАН и египетската АОИ со договор за продажба на заеднички развиениот дрон ХАМЗА-1
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за да спречи пораст на инфлацијата
Индија ќе инсистира на систем за плаќање со дигитална валута на самитот на БРИКС
Опен АИ побара задолжителни безбедносни мерки за напредните ВИ системи
Научниците пред голем пробив во потрагата по темната материја
Што открива повлекувањето на Мајкрософт од Кина за поделбата на технолошката економија
Може ли руски Расвет да му конкурира на Старлинк
Како Кина го решава проблемот со инфлуенсерството, индустрија вредна милијарди евра
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување