Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 проценти.
Новите цени стапуваат на сила од полноќ, а најголемото поскапување ги опфаќа бензините.
Според одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 поскапува за два денари по литар, па новата цена ќе изнесува 93 денари. За исто толку се зголемува и цената на Еуросупер БС-98, кој од утре ќе се продава за 95 денари за литар.
Поскапување од еден денар по литар има и кај дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V), чија нова цена ќе изнесува 100 денари.
Без промени останува цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава за 110 денари за литар. Во меѓувреме, мазутот М-1 НС поскапува за 1,300 денари за килограм, со што новата цена ќе достигне 55,573 денари.
Дополнително, применета е и намалена акциза од два денари по литар за бензините Еуросупер БС-95 и БС-98, како и намалена акциза од четири денари по литар за Еуродизелот.
Просечното поскапување на нафтените деривати изнесува 1,55%, иако референтните цени на бензините на светските берзи се намалиле за 0,79%, додека дизелот поскапел за 0,41%.
Дополнително влијание врз цените има и зајакнувањето на доларот, кој во однос на денарот пораснал за 0,44 проценти.




























