| Macedonian
РЕГИОН
5 МИН ЧИТАЊЕ
Кои се најдобрите универзитети во регионот според Шангајската листа?
Повторно на оваа листа од 1.000 образовни институии нема ниту еден универзитет од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и од Албанија.
Кои се најдобрите универзитети во регионот според Шангајската листа?
Кои се најдобрите универзитети во регионот според Шангајската листа?  Фото: Observatory

Само четири универзитети од Србија, Словенија и Хрватска се на светски познатата Шангајска листа на најдобри универзитети за 2021 година од земјите во регионот.

Повторно на оваа листа од 1.000 најдобри образовни институции нема ниту еден универзитет од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и од Албанија.

Ни Бугарија нема високообразовна институција на ова рангирање, Грција има четири, а Романија само еден универзитет. Од пошириокиот регион најдобро котира Турција со осум универзитети на Шангајската листа.

Американскиот универзитет Харвард е неприкосновен на врвот на оваа листа скоро две децении, втор е американскиот Стенфорд, а трет британскиот Кембриџ. Листата ја креира независната консултантска агенција Shanghai Ranking Consultancy.

Пандемијата ги влоши резултатитеСепак, пандемијата си го зеде данокот кога станува збор за рангирањето на универзитетите, барем ако се земе предвид она што го постигнаа високообразовните институции во регионот.

Па така Загрепскиот универзитет кој во 2020 година котираше на ранг листата на позициите 400-500, во 2021 година падна на 600-700.

Универзитетот во Љубљана ја задржа истата позиција од 2020 година наоѓајќи се на ранг листата пред Загрепскиот универзитет со котирање на позициите 500-600.

Србија на оваа листа има две високообразовни институции-Универзитетот во Белград и Универзитетот во Нови Сад. Првиот е на исто рамниште со универзитетот во Љубљана (500-600), а Универзитетот во Нови Сад е на долната граница на ова рангирање (900-1000).

Сепак оваа институција не беше рангирана на Шангајската листа во 2020 година што значи дека во време на пандемиската година е единствена институција во регионот што успеала да го подобри својот резултат и да се најде на престижната листа.

И еден човек може да направи променаВо Србија, имаше доста критики за рангирањето на Белградскиот универзитет кој за првпат по девет години паднал од позицијата најдобри 500 универзитети.

Ректорката на Белградскиот универзитет Иванка Поповиќ во изјава за српските медиуми вели дека не е изненадена од рангирањето и падот на оваа високообразовна институција.

„Нашите истражувачи го постигнуваат максимумот во условите во кои работат. Другите земји вложуваат повеќе и тоа им се враќа со напредок на оваа листа. Немаме доволно трудови во највлијателните и најсилните списанија. Такви резултати може да се очекуваат само ако системски се вложува во современа опрема и во луѓето и ако се вложува во меѓународната соработка“, вели ректорката.

Се смета дека Универзитетот во Белград постигнал најголем напредок на Шангајската листа во 2016 и 2017 година, кога во своите редови го имал професорот Стојан Раденовиќ. Тој во тоа време е еден од 100 -те најцитирани научници во светот во областа на математиката.

Тој преминал потоа на универзитет во Саудиска Арабија дигајќи го рејтингот на таа високообразовна институција.

Што е Шангајска листа?Таканаречената Шангајска листа за првпат е објавена во јуни 2003 година од страна на „Центарот за универзитети од светска класа“ и „Институтот за високо образование при Универзитетот Џао Тонг – Шангај“, Кина.

Од 2009 година, лиценца за „Рангирање на Светските Универзитети“ ја поседува консултантската фирма Shanghai Ranking Consultancy, институција која е независна од било кој универзитет или владини организации.

Првично се правело рангирање на универзитетите во Кина. Сепак подоцна поради заинтересираноста започнало рангирање на универзитети на светско ниво.

Но како се врши рангирањето и кои се главните критериуми?

Се користат пет индикатори со цел да се направи ова рангирање. Прво се анализира број на алумни коишто добиле Нобелова награда и/или други врвни награди во нивната сфера на работа (10% од вкупните поени). Потоа се гледа број на вработени на институцијата-универзитетот на кој истражувачот добил Нобелова награда (20% од вкупните поени). Трет индикатор е бројот на најчесто цитирани истражувачи (20% од вкупните поени). Четврт индикатор е бројот на трудови објавени во врвните научни списанија Nature и Science (20% од вкупните поени)

Следен индикатор е број на трудови индексирани во Science Citation Index во претходната година (20% од вкупните поени) и како последен индикатор се зема таканаречениот Per capita успех на универзитетот (10% од вкупните поени) во кој се собира вкупниот резултат од претходните пет показатели и делење на истиот со вкупниот број академски работници во конкретната институција.

Годишно се анализираат преку 4.000 образовни институции во светот.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Јаневска во Брисел: Создаваме услови да ги задржиме младите истражувачи и спречиме одлив на мозоци
Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање