| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа
„Приклучувањето кон Европските културни рути отвора нови можности за меѓународна соработка, културна размена и развој на културниот туризам, со што Охрид дополнително ќе се позиционира како препознатлива европска дестинација.
Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа
Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа / AA

Охрид официјално стана дел од Европските културни рути на Советот на Европа, со што уште еднаш го потврди свпето место на европската културна и духовна мапа.

На Генералното собрание одржано во Аквилеа, Италија, Охрид е вклучен во мрежата градови и локалитети што ги поврзуваат заедничките европски вредности, културното наследство и историското паметење.

За Општина Охрид тоа признание претставува потврда за историската и цивилизациска улога на Охрид како духовен и културен центар на словенскиот свет, поврзан со делото на Кирил и Методиј и нивните ученици Свети Климент и Свети Наум, кои токму во Охрид ја поставија основата на словенската писменост и духовност.

„Приклучувањето кон Европските културни рути отвора нови можности за меѓународна соработка, културна размена и развој на културниот туризам, со што Охрид дополнително ќе се позиционира како препознатлива европска дестинација. Општина Охрид останува посветена на зачувување, унапредување и меѓународна промоција на своето богато културно наследство, како и на активно учество во европските културни процеси“, велат од Општина Охрид.

На церемонијата во Италија свое обраќање имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој ја истакна важноста на признанието, како и улогата на Охрид како „жива ризница на културно наследство и светилник на словенската писменост и духовност“.

Како што посочи тој, Охрид, како духовна престолнина на словенството, со векови ја чува оваа светлина. Охрид не е само географска точка – тој е жива ризница на културно наследство, место каде историјата, верата и уметноста се преплетуваат во едно уникатно духовно искуство...

„Ова признание не само што ја потврдува нашата историска улога, туку и ја отвора вратата за нови можности за соработка, културна размена и одржлив развој. Оваа рута не е само патека на движење – таа е мапа на духовното и културното дејствување, која ги поврзува локалитетите, традициите и вредностите што ја обликувале Европа. Охрид, со своите манастири, цркви, археолошки локалитети и богато културно наследство, претставува клучна точка на оваа мрежа. Во таа насока, културниот туризам во Охрид се развива како автентично искуство – како патување низ времето, каде секој чекор ја раскажува приказната за писменоста, верата и идентитетот. Посетителите не доаѓаат само да видат – тие доаѓаат да почувствуваат“, истакна Божиновски.

Современото чествување на делото на Кирил и Методиј, особено на 24 мај што традиционално го организира Општина Охрид, посочи Божиновски, претставува жив доказ дека ова наследство не е само минато – туку дел од нашата сегашност и нашата иднина.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство
Пропалестински активисти повикуваат на бојкот на новиот филм за Спајдермен
Во подрум во Дамаск 41 година ја одржува жива уметноста на калиграфијата
Како муслимански астроном од Ал-Андалуз ја научи Европа да го чита небото
Под мотото „Само сонот е стварност“ од 20 до 27 август ќе се одржи 17-тото издание на „МакеДокс“
Почина актерот Гоце Тодоровски
Во Скопје отворена изложбата „Сведочи“ на фотографот Енгин Узун
Во Скопје одржан завршниот настан на Меѓународните ликовни средби „Сребреница 2026“
Почина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари
Концерт на духовна музика во Скопје: Бурхан Шабан и Мустафа Демирџи
Започна семинарот „Иновативни случувања во образованието“ во Тетово
„Страв и надеж“ на МНТ најдобра претстава на 60. МТФ Војдан Чернодрински
Грљани: 800 метра над брзиот живот
Научници ја најдоа најголемата гробница на китови близу Австралија
Охридски чинар: Дрвото што му пркоси на времето
Изложба, претстава и награди за животно дело вечерва на отворањето на 60. МТФ„Војдан Чернодрински“
Национална работилница: Од пулпа до хартија
Дуран го истакна културното наследство за време на Неделата на турската кујна
ТРТ Ворлд Дигитал доби пет престижни награди Тели за извонредност во визуелното раскажување приказни
Туркије ги повика светските филмаџии на Кан да снимаат во земјата