| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество
„Бошњаците, исто како и сите други граѓани, се важна алка на нашето општество, а нивниот придонес е значаен дел од нашиот општествен мозаик“, истакна министерот Ферати.
Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество
Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество / Other

Министерот за односи меѓу заедниците во Република Северна Македонија Агон Ферати на средба прими претставници на бошњачката заедница, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември.

Како што истакнаа од ресорното министерство, на средбата било истакнато значењето на придонесот на бошњачката заедница во општеството, како и потребата од продолжување на институционалната соработка во насока на адресирање на нивните прашања и потреби.

„Како министер, се обврзав дека ќе бидам во служба на потребите на Бошњаците и дека заедно ќе работиме на создавање подобри можности за сите“, истакна министерот Ферати.

„Бошњаците, исто како и сите други граѓани, се важна алка на нашето општество, а нивниот придонес е значаен дел од нашиот општествен мозаик. Нашата заложба е секоја заедница да има простор, поддршка и еднакви можности за развој и напредок“, истакна министерот Ферати, упатувајќи честитки до бошњачката заедница по повод нивниот Меѓународен ден.

Бошњаците во земјава го одбележаа Меѓународниот ден на Бошњаците со низа настани од информативен, едукативен и културен карактер, испраќајќи ја пораката дека и тие се дел од мултиетничкиот мозаик на општеството и имаат исклучителен придонес во развојот на земјата во сите нејзини сфери.

Со измените на Законот за празници, 8. февруари 2007 година во Собранието на Република Македонија, 28 септември (Денот кога на Бошњачкиот сабор во Сараево 1993 година е вратено националното име Бошњак) прогласен е за Ден на Бошњаците во земјава.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Загреб втор ден без јавен превоз и собирање на отпадот поради штрајк
Уапсени петмина скопјани осомничени за поврзаност со радикалната терористичка група ДАЕШ
Милан (9) и Ведрана (13) ги посетија сите европски држави, чекаат потврда и од Гинис
Мицкоски: Со Фон дер Лајен ќе разговараме за проширувањето на ЕУ и преговорите со Бугарија
Рама: Ако Европа го остави Западен Балкан на цедило, тоа нема да биде обичен неуспех
Собранието на Косово усвои декларација за заштита на ОВК
Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува
Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент
Регионалната конференција за фемицид: Секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки свирепо убиени
Претседателката Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Тошковски: Бошњаците придонесуваат да имаме држава со европски вредности
Мицкоски во ОН: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет
ЕУ покренува постапки против Грција поради прекршување на правилата за енергетика и перење пари
Јаневска на Европска ноќ на истражувачите: Нема просперитет на државата без развој на науката
Реакции по одложувањето на рочиштето за правниот статус на Центарот за македонски јазик во Грција
Почна кампањата за претседателските избори во Бугарија
Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан на средба со Калас во Њујорк
Клековски: Четири дена без нови случаи на западнонилска треска, на Инфективна има 12 пациенти
Мицкоски - Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка