| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
Главни корисници на платформата администрирана од Е.А.(20) од Мала Рчеица биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви
Заедничка акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци
Според МВР, осомничениот преку апликацијата Телеграм набавувал и поседувал за себе материјали со сексуална злоупотреба на деца

Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро на САД (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Според МВР, акцијата е резултат на првично добиени информации од ФБИ, по што следувала заедничка, координирана истрага насочена кон откривање и сузбивање на криминалните активности поврзани со нелегалниот онлајн пазар OLVX.

„Осомничениот во периодот од 2023 до 2025 година бил администратор на домени и веб-страници поврзани со платформата OLVX, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер-криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки и компјутерски мрежи на жртви. Во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни акредитиви“, рекоа од МВР/

Истрагата дополнително утврдила дека во периодот од 2025 до 2026 година пријавениот администрирал и нелегална онлајн група под името ONEMILI на комуникациската апликација Телеграм.

Преку оваа група биле нудени услуги и софтверски алатки за извршување компјутерски криминал, вклучително и измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Дополнително, обезбедени се докази дека пријавениот преку апликацијата Телеграм набавувал и поседувал за себе материјали со сексуална злоупотреба на деца.

„Оваа операција претставува прва заедничка координирана сајбер-операција меѓу МВР и ФБИ, потврдувајќи го значењето на меѓународната полициска соработка во откривањето и сузбивањето на современите форми на организиран компјутерски криминал. Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, останува цврсто посветено на борбата против сајбер-криминалот, заштитата на личните податоци и безбедноста на граѓаните во дигиталниот простор“, велат од МВР.

Повеќе
Почина пациентка со западнонилска треска, вкупниот број на жртви се искачи на 11
Амбасада на САД: Стратешкиот дијалог со Косово да се одржи кога ќе се создадат соодветни услови
Албанија во одлучувачка фаза на патот кон ЕУ
Капетановиќ: Нашиот следен предизвик не е да дигитализираме шест економии, туку да ги поврземе
Захарова: На црногорските граѓани ќе им требаат визи за патување во Русија
Во Скопје се одржа 15. Меѓународна работилница „Комуникација со иднината“
Цената на бензините и дизелот останува иста, поскапува само мазутот
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Црна Гора затвори уште три преговарачки поглавја во процесот на пристапување кон Европската Унија
Македонското минерално богатство со долгорочна развојна рамка до 2046 година
Албанија и Израел потпишаа договор за зајакнување на билатералните односи
Кос: Законот за специјализираните совети е во спротивност со обврските на Косово кон ЕУ
Во скопската Општина Чаир турскиот јазик веќе 13 години се користи како службен јазик
Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
Неџад еф. Грабус избран за нов реисул-улема на Исламската заедница во БиХ
Виртуози на кавал, чувари на македонската фолклорна традиција
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Сулејмани: Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат
Николовски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување со пристаништето Бар