Патување низ времето со колекцијата антиквитети на Марјан Христов
РЕГИОН
2 мин читање
Патување низ времето со колекцијата антиквитети на Марјан ХристовНеговата богата колекција антиквитети ја сочинуваат летири до пет милиони предмети. Најголем дел поврзани со поранешната СФРЈ и различни периоди од македонската државност.
Marjan Hristov / TRT Balkan MK

Значки, медали, етно накит, спортски реквизити, музички колекции. Сето ова го има во приватниот мини музеј „Носталгија” на Марјан Христов во Смолари. Младиот ентузијаст има собрано четири до пет милиони предмети, главно врзани за поранешна Југославија и повеќе историски периоди од макдонската државност. Иако роден 1987 година има доста познавања за поранешната држава која се распаднала кога тој имал 13-14 години.

„Поинтензивно почнав да собирам од 2007 година. Кога работевме по куќи кога се уриваат куќи, ѕидови од камен па ќе си најдеш некои работи и си го земаш. Зошто да го фрлиш. И после имавме игралиште под селото одевме таму на фудбал и секој пат по патиштата ќе најдеш некоја вазна некоја чаша и така почнаа да се собираат работи, стари фотографии. За оваа збирка тука југословенската се e собирано во границите на поранешна Југославија”, вели Марјан во разговор за ТРТ Балкан.

Во неговата колекција можат да се најдат и скијачки ракавици за кои се верува дека биле сопственост на скијачот Јуре Франко на олимпијадата во 1984 година во Сараево. Освен предметите поврзани со минатото од СФРЈ, особено е горд кога ќе пронајде предмети кои се поврзани со неговиот роден крај.„Ова тука е „почасна паљба”. Со неа е пукано на осми мај на Калемегдан во Белград. И прочитав дека имало околу 40 и се однесени во Цеље. Tаму се претопени. Некои се печатени, а имало само осум изгравирани. Едната ја имам купено во Смедерево. Најдраги ми се предмети кога наоѓам од периодот на Краљевина Југославија и понатаму, предмети поврзани со моето село и со Струмица” објаснува Марјан.

Тој е повратник од странство кој дел од својот живот го минал во Германија и Швајцарија. Неодамна се вратил и нема намера да го напушти Смолари. Има големи планови за проширување на музејот.

„ Во ноември, годинава што помина се вратив целосно. Откажав и виза и се. Повеќе не мислам да одам никаде во странство. Се уште не можам да му се изнарадувам на моето село и на Македонија. Сакам да останам тука еден период. Да се смирам, тука сум опуштен, тука сум среќен, тука правам тоа што ме исполнува. Дома си е дома. Каменот си тежи на местото. И почувствував како некоја грутка во градите да ме стега и морав таму да напуштам се и да се вратам тука” вели Марјан.

Тој има издадено две збирки поезија и една монографија за Смолари. 

Повеќе
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Сали: Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани преку конкретни резултати
Денеска почнува зимското сметање на времето
Грчкиот парламент ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години
Бугарија во недела избира претседател
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Јаневска во Брисел: Создаваме услови да ги задржиме младите истражувачи и спречиме одлив на мозоци
Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово