Каде се чуваат околу 20 000 парчиња од македонски народни носии?
РЕГИОН
3 мин читање
Каде се чуваат околу 20 000 парчиња од македонски народни носии?Најголем дел од нив се од деветнаесетиот или почетокот н дваесетиот век. Најзастапени се носиите од мијачкиот крај, а карактеристични се и мариовските носии. Во етнолошката поставка се изложени 62 носии. Дел се подарени, а некои се добиени со откуп.
Makedonski narodni nosi / TRT Balkan MK

Во Музејот на Македонија. Во него верувале или не има помеѓу 18 500 и 20 000 делови од македонски народни носии. Шеесетина народни носии се изложени во етнолошката поставка. 

„Носиите се од цела Македонија од нејзиниот цел етнички предел. Имаме носии од Пиринска, Егејска Македонија, но и се од сите заедници коишто живеат на територијата на денешна Македонија. Датираат од периодот на деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век” вели за ТРТ Балкан Наде Костадиновска Спасеновска кустос во музејот.

Постојат неколку начини на кои носиите можат да се најдат во Музејот на Македонија.

„Некои ги подаруваат, некои се со откуп направени. Денес исто така постојат луѓе коишто сакаат да подарат носија пред се затоа што се емотивно врзани со носијата таа им припаѓала на нивните баби, прабаби, мајки и сака да биде добро сочувана и знае дека во музејов ние ќе го направиме токму тоа и дека и таа нoсија некогаш ќе биде дел од некоја изложба” објаснува Костадовска Спасеновска.

Според неа најчесто се земаат оние носии кои ги нема во депоата

„Доколку е носија што ја немаме тоа е првиот критериум според кој треба да ја прибереме и да ја сочуваме. Понатаму доколку е носијата целосна тоа е одлична можност за ние како етнолози да го имаме целото тоа парче. Доколку се повеќе парчиња одвоени од различни носии или пак недостасуваат од целосната носија, треба да видиме дали се тие добро сочувани. Доколку се добро сочувани секако дека ќе ги примиме во музејот. На ист начин ги третираме како и целосните носии” вели таа.

Мијачките носии од Галичник, Папрадиште, Ореше, Смилево, Дебарско Поле се меѓу најрепрезентативните во колекцијата, со многу везови и накит.  Се издвојуваат и носиите од мариовскиот крај.

„Мариовската е наjтешка невестинска носија. Тежи околу 45 до 50 килограми.Коцелот можете да го видите во задниот дел. Тој е тежок околу десет оки. Направен е целиот од волна во плетенчиња и во топови во долниот дел и невестата го носела прикачен во задниот дел на грбот. И тој морала да го носи на денот на свадбата. Бил долг колку што е висока невестата, а потоа го носела до раѓањето на првото дете” истакнува Костадиновска Спасеновска.

Машката носија од Мариовско се разликува по везот и елекот кај младоженецот.

Задолжително во долниот дел имаат прво кошула, а потоа и еден ‘встан одозгора што се облекува кој има многу клинови за да биде што понабрано, пораскошен младоженецот, особено кога ќе игра на оро да биде исто убав како и невестата.

Повеќе
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Сали: Европа треба да биде поблиску до нашите граѓани преку конкретни резултати
Денеска почнува зимското сметање на времето
Грчкиот парламент ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години
Бугарија во недела избира претседател
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Мерц смета дека Црна Гора е блиску до скоро приклучување кон ЕУ
Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
Јаневска во Брисел: Создаваме услови да ги задржиме младите истражувачи и спречиме одлив на мозоци
Сараево домаќин на меѓународен саем за туризам, со повеќе од 200 претставници од осум земји
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
Курти: Време е Косово да добие статус на земја-кандидат и да ги отвори преговорите за членство во ЕУ
Мерц: Членството на Црна Гора во ЕУ е реално остварлива цел
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Николоски на средба со новиот турски амбасадор Акташ, фокусот на продлабочување на соработката
Албанија го испрати првиот хеликоптерски контингент во мисијата на НАТО во Косово
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово